сабота, 27 јули 2024

Економист: Зеленски беснее и вика на генералите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека неговите генерали ја кријат вистината од него и почнал да вика на нив, тврди британски Економист, повикувајќи се на неименувани извори од украинската влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападите на бес на Зеленски се спомнати во извештајот за ситуацијата во Харковската област, каде руските сили продолжуваат да напредуваат. Според британскиот весник, меѓу украинската војска на теренот се шират незадоволство и разни теории за причините за поразот.

Некои ги обвинуваат Соединетите Американски Држави и задоцнетата воена помош, други се сомневаат дека станува збор за неспособност или предавство. Постојат и „теории на заговор“ за политичари во Киев и Вашингтон, кои наводно продаваат територии.

Денис Јарославски, локален командант кој стигна на насловните страници затоа што утврдувањата кои требале да го спречат напредувањето на Русите не се изградени, изјави дека функционерите со кои се опкружил Зеленски го држат украинскиот претседател „во топла вода“, односно дека го лажат.

Еден анонимен извор од киевската влада кажал дека Зеленски им е гневен на украинските генерали затоа што тие не му ја соопштуваат вистината за ситуацијата на фронтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ