четврток, 10 октомври 2024

Економијата им е најважното прашање на Американците пред изборите

Економијата е на врвот на приоритетите на повеќето Американци пред претседателските избори и ќе има пресудна улога во одлуката на гласачите, покажува истражување на Галуп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За дури 52 отсто од американските гласачи економијата ќе биде „исклучително важна“ при изборот на кандидатот, утврдил Галуп, истакнувајќи дека нивниот удел е најголем од 2008 година и Големата рецесија.

38 отсто од Американците сметаат дека прашањето е „многу важно“, што значи дека би можело да биде значаен фактор на изборите за дури девет десеттини од гласачите, заклучиле во Галуп.

Нешто повеќе од половина анкетирани, 54 отсто, сметаат дека Доналд Трамп подобро би управувал со економијата, а 45 отсто сметаат дека Камала Харис би била подобра.

Економијата ја сметаат за исклучително важна 66 отсто од републиканците и независните гласачи наклонети кон републиканците и само 36 отсто од демократите и независните кои ќе гласаат за нив.

Кога ќе се вклучат и оние кои ја сметаат за многу важна, уделот кај републиканците и нивните симпатизери се качува на 98 отсто, односно на 82 отсто кај демократите и нивните поддржувачи.

Истражувањето покажало дека најважните приоритети на републиканците и демократите воопшто не се поклопуваат.

Меѓу 22 теми, повеќето анкетирани за исклучително важна ја сметаат само економијата, а меѓу 41 и 49 отсто од гласачите за исклучително важни ги сметаат и демократијата во САД, тероризмот и националната безбедност, изборот на судии на Врховниот суд и емиграцијата.

За 31 до 38 отсто од гласачите исклучително важни се образованието, здравствената заштита, мерките околу оружјето, абортусот, даноците, криминалот, распределбата на приходите и богатствата во САД, буџетскиот дефицит, надворешната политика и ситуацијата на Блискиот Исток.

Само 23 до 27 отсто гласачи за исклучително важни ги сметаат енергетската политика, односите со Русија, меѓурасните и односните со Кина и трговијата со други земји.

Најмал удел на гласачи, само 21 до 28 отсто, за најважни ги сметаат прашањата за климатските промени и правата на трансродовите лица.

Галуп ја спровел анкетата од 16 до 28 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ