сабота, 19 октомври 2024

Еко автобуска постојка од која што се земаат пакетчиња со семиња – нова инсталација од Халкбанк

Објавено на

часот

Сподели

Новата зелeна постојка е лоцирана во Општина Карпош, спроти поранешната фабрика Алумина и истата, освен што има зелен покрив прекриен со растенија, овојпат на граѓаните им ја нуди можноста од неа да земаат пакетче со семиња од различни растенија.

х
Првата еко постојка Халкбанк ја постави во општина Аеродром пред трговскиот центар Бисер, како прва и единствена од ваков вид во земјава. Постојката што беше поставена пред речиси три години и денес, освен што на патниците им нуди убава заштита од временските влијанија, претставува уште еден придонес кон зголемување на зеленилото во главниот град.

ф
„Зелените постојки се дел од многубројните еко активности организирани или поддржани од Халкбанк АД Скопје и сите тие претставуваат наш придонес за збогатување на зеленилото во земјата, но и за подигање на еко свеста и одговорното однесување кон околината. Овие цели ги промовираме и истите се изразени преку нашата ХалкЕко
платформа – во рамките на која заедно со нашиот партнер Мастеркард целиме кон поттикнување здрави животни навики и заштита на животната средина“, велат од дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации на Халкбанк.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ