Како што информира „Комунална хигиена“ – Скопје, во скопската општина Чаир биле спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците „Џон Кенеди“, до ООУ „Васил Главинов“, „Славеј Планина“ – во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот „Крсте Мисирков“ – зад ТЦ „Мавровка“.
Во рамки на овие активности биле подигнати и транспортирани 50 кубни метри непрописно одложен отпад.