На првенството кое се одржа во спортската сала во училиштето „Невена Ѓеоргиева Дуња“ во населбата 11 Октомври, Кисела Вода, учествуваа средношколски екипи од седум држави – Франција, Чешка, Црна Гора, Република Српска (БиХ), Србија, Црна Гора и Македонија.
Екипата на „Никола Карев“ ги победија нивните врсници од Чешка со резултат 99:95.
Во женска категорија, победата на шампионатот ја однесе екипата што ја претставуваше Чешка.
Поддршка на ова прво Европско првенство за средношколци дадоа Кошаркарската федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.