сабота, 27 јули 2024
Сериозни обвинувања

ЕХФ привремено го суспендираше Драган Начевски, осомничен е за местење натпревари

Објавено на

часот

Сподели

Извршниот комитет на ЕХФ на денешната средба донесе одлука привремено да го суспендира Драган Начевски по добиена пријава од данската телевизија ТВ2 на 23 мај.

Во јануари 2020 година бил организиран состанок помеѓу Драган Начевски и наводен бизнисмен, на кој требало да се договара влез на кинески тим во СЕХА лигата. Една од темите кои биле начнати на состанокот била и можноста за местење на натпревари, ТВ2 вели дека има аудио и видео материјал од разговорот.

ТВ2 ја известила ЕХФ дека Драган Начевски во повеќе наврати одбил да соработува во местење на натпревари, но спорно било тоа што категорично не се дистанцирал од оваа проблематика и испратил погрешни сигнали.

Исто така, анонимен извор, се претпоставува дека е поранешен меѓународен судија, за ТВ2 изјавил дека Драган Начевски, преку трето лице, побарал да се манипулира со резултатот на натпревар. За овој наводен инцидент не се обезбедени повеќе информации.

Драган Начевски со писмо ја известил ЕХФ дека никогаш не учествувал во местење на натпревари.

Од ЕХФ признаваат дека обвинувањата на ТВ2 не можат во целост да бидат проверени, но за да се заштити интегритетот на ракометниот спорт, донесена е одлука за привремена суспензија на Драган Начевски.

Исто така, целиот случај е предаден на соодветните тела во ЕХФ а за случувањата е известена и австриската федерална полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ