четврток, 16 јануари 2025

ЕХФ го отфрли приговорот

Објавено на

часот

Сподели

ЕХФ објави дека го отфрла приговорот на Македонија за ударот на Лазаров во 59:47 минута од мечот, за кој македонската делегација тврдеше дека е неправилно поништен гол и дека резултатот треба да биде ревидиран.

„Дисциплинската комисија на ЕП 2012 детално ги разгледа спорните моменти и го прегледа видеото од мечот, при што заклучи дека судиите ја имале ситуацијата под контрола. Одлуката е донесена на база на судиската опсервација и во согласност со членот 17.11 од правилата на ИХФ, по што дојдовме до заклучок дека жалбата се одбива и дека се потврдува резултатот од мечот. Македонија – Германија 23-24“, стои во објавата на ЕХФ.

РФМ има право да поднесе жалба на оваа одлука на комисијата најдоцна до денеска во 20 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ