среда, 23 октомври 2024

Египетскиот претседател: Војната во Газа би можела да се прошири на тешко замислив начин

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретнаа во Каиро за да разговараат за начините за напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа, соопшти кабинетот на египетскиот претседател. Сиси предупреди на ризикот од регионално ширење на војната во Газа на „тешко замислив начин“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Примирјето во Газа мора да биде почеток на пошироко меѓународно признавање на палестинската држава и спроведување на решението за две држави бидејќи тоа е основниот гарант на стабилноста во регионот“, истакна тој.

Блинкен престојува во Каиро во обид да исфорсира прифаќање на американскиот предлог договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, кој го фаворизира Израел. Главните спорни делови на договорот засега остануваат нерешени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ