петок, 18 октомври 2024

Египет водеше речиси цел меч, на крајот Шпанија победи за полуфинале на ОИ

Египет водеше во најголемиот дел од натпреварот, но на крајот Шпанија се радува на пласман во полуфиналето на ракометниот турнир од Олимписките игри, се играа и продолженија, конечниот резултат беше 29-28.

Објавено на

часот

Сподели

Во регуларниот тек од мечот Египет постојано имаше водство, на моменти и со четири голови разлика. Во последните десет минути влегоа со три гола предност, беше 22-19, но оттогаш постигнаа само три погодоци, а Шпанците шест, па конечниот резултат по 60 минути игра беше 25-25.

Во клучните моменти од натпреварот Шпанија имаше ветар во грб и со сомнителни судиски одлуки што наиде на општо негодување во салата.

Се играше гол за гол во двете продолженија од по пет минути, на крајот Шпанија победи со 29-28.

Гомез беше најефикасен со девет погодоци, во составот на Египет Ел Дера даде осум голови.

Во полуфиналето Шпанија ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Германија и Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ