среда, 23 октомври 2024

Египет се подготвува за егзодус на Палестинците поради нова израелска офанзива, велат извори

Египет подготвува област долж границата со Газа што би можела да се користи за прифаќање на Палестинците доколку израелската офанзива предизвика егзодус преку граница, изјавија четири извори за Ројтерс, опишувајќи ја можноста како резервен план на Каиро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Египет, кој негира какви било подготовки во оваа насока, постојано предупредува на можноста израелската офанзива на Газа да резултира со раселување на Палестинците на Синај, што Каиро го смета за целосно неприфатливо. Слични предупредувања испратија и други арапски земји, вклучително и Јордан.

САД повеќе пати повторија дека се противат на какво било раселување на Палестинците од Газа.

Еден од изворите рече дека Египет е оптимист дека разговорите за прекин на огнот би можеле да вродат со плод за да се избегне споменатото сценарио, но дека ја подготвува областа долж границата како привремена мерка на претпазливост. Три извори блиски до безбедносните сили тврдат дека Египет почнал да ја подготвува пустинската област Синај со некои основни капацитети за сместување на Палестинците, нагласувајќи дека тоа е чисто резервен план.

Поради чувствителноста на темата, побарано е изворите да останат анонимни.

Израел соопшти дека ќе започне офанзива за уништување на „последното упориште“ на Хамас во Рафа. Во тој град на границата со Египет тесно се сместени околу милион Палестинци кои нашле засолниште во него пред разорната израелска офанзива на Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ