сабота, 27 јули 2024

Египет ја отвора границата за 20 камиони хуманитарна помош

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафа за 20 камиони со хуманитарна помош за Газа, потврди американскиот претседател Џо Бајден.

Објавено на

часот

Сподели

Ал Сиси и Бајден постигнаа договор поради влошувањето на хуманитарната криза во таа енклава и бројните антиизраелски протести низ Блискиот Исток.

Бајден не прецизираше кога ќе се отвори границата, но портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Џон Кирби рече дека тоа ќе се случи кога ќе се поправи патот уништен во израелските напади. Би-би-си пишува дека границата би можела да биде отворена најрано во петок.

Египет соопшти дека преминот Рафа, витална артерија пред борбите и сега важен пат за очајно потребните резерви, не е официјално затворен, туку бил оневозможен поради израелските воздушни напади на страната на Газа.

За време на посетата на Бајден на Израел, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ќе дозволи увоз на храна, вода и лекови до јужниот дел на Газа преку Египет, единствената земја освен Израел што дели граница со неа, се додека тие не му припаднат на Хамас.

„Израел нема да ја спречи хуманитарната помош од Египет сè додека се работи за храна, вода и лекови за цивилното население лоцирано во јужниот дел на Појасот Газа или (оние) кои се евакуирани таму, и се додека овие залихи не стигнат до Хамас“, соопштено е од канцеларијата на Нетанјаху.

Камиони со помош во вторникот се приближија до преминот Рафа меѓу Египет и Газа од египетскиот град Ал-Ариш, но не можеле да влезат во Газа бидејќи немало договор за испорака на помош.

Координаторот за итна помош на ОН Мартин Грифитс во средата пред Советот за безбедност изјави дека ОН бараат помошта за Газа да се врати на претходните 100 камиони дневно, колку што била транспортирана помош пред конфликтот меѓу Израел и Хамас, бидејќи верува дека 20 камиони помош нема да бидат доволни за потребите на населението од тоа подрачје.

Откако Хамас започна крвав напад на израелска територија на 7 октомври, Израел соопшти дека воведува целосна блокада на Појасот Газа, каде живеат до 2,3 милиони луѓе, оставајќи ги без струја, храна и гориво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ