сабота, 27 јули 2024

ЕДС инфо поинт: Просечна цена на струјата, на Хупекс 97,67, на МЕМО 79,88 евра за мегават час

Објавено на

часот

Сподели

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9 – 20 – peakload) на Хупекс постигна ниво 91,81 евра за мегават час, а на MEMO 77,12 евра.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец мај до сега, (baseload till date) на Хупекс изнесува  93,39 евра за мегават час, додека просечната цена за мај на МЕМО берзата која почна со работа на 10 мај изнесува 86,36 евра за мега ват час.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ