Зголеменото ниво на влага се јавува првенствено поради истрошени или неквалитетни покриви и олуци, лоша изолација, пукнатини на ѕидовите или пукнати цевки. Некои од честите предизвикувачи се несоодветното загревање на просторот, како и недоволното проветрување на просторот.
Главните знаци кои ќе покажат дека имате проблем со влагата се непријатниот мирис, појавата на дамки на ѕидот и лупењето на бојата или тапетите. Потребно е да се реагира на првите знаци, бидејќи нетретираната влага во домот ќе доведе до појава на габи и мувла, што дополнително ќе ја усложни ситуацијата, но и ќе создаде потенцијална опасност по здравјето.
Колку влагата и мувлата во домот се всушност опасни по здравјето на луѓето е прашање кое предизвикува жестоки дебати во медицинскиот свет. Она што е сигурно е дека просториите во кои постои влага не мирисаат пријатно, а ѕидовите покриени со жолти дамки од кои често се лупи бојата и аглите од кои се шират црните површини дефинитивно не се убава глетка.
Доколку не се грижите за влагата, по одредено време сигурно ќе се појави мувла, што не само што е непосакувана појава, туку е и крајно опасна за респираторниот тракт на станарите.
Можеби веќе сте користеле некакво средство против влага, чија цена често може да биде многу висока. Можеби дури сте биле принудени да ги исушите ѕидовите со фен. Ако мислите дека сте пробале сè, обидете се со песок за мачки.
Изберете песок кој добро ја впива влагата, има пријатен мирис и може да ја претвори урината од мачки во грутки. Распоредете го песокот во чаши и ставете го на места каде што најчесто се појавува влага. После десет дена ќе бидете изненадени од резултатите.