петок, 26 јули 2024

Едно лице загина, неколку се повредени во несреќа на жичарницa во Турција (ВИДЕО)

Едно лице загина, 10 се повредени во несреќа на жичарница во Анталија, јужна Турција, кога кабината удрила во оштетен потпорен столб, соопштија турските власти.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Еден од столбовите на жичарницата во петокот од засега непознати причини се срушил, луѓето во кабината, која се распаднала по ударот во столбот, паднале на карпеста површина.

Седум лица, меѓу кои две деца, се повредени при падот на кабината, додека уште три лица се повредени при евакуацијата.

Во моментот на инцидентот во воздух имало 24 кабини. Шеснаесет часа подоцна, повеќе од 60 лица сѐ уште се во преостанатите девет кабини кои сѐ уште се во воздух, додека 112 лица се евакуирани, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Ројтерс.

Нема повредени меѓу луѓето кои чекаат да бидат извлечени од кабините, властите имаат намера да го завршат нивното спасување пред зајдисонце.

По инцидентот беа ангажирани седум хеликоптери и повеќе од 500 спасувачи.

Жичарницата има 36 кабини, секоја со капацитет од шест лица. Во просек, потребни се околу девет минути за возење со жичарница до врвот Тунектепа со панорамски поглед на Анталија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ