сабота, 27 јули 2024

Едно лице загина, над 40 се повредени во судир на автобус и автомобил во Србија (ФОТО+ВИДЕО)

Во судир на автобус и патнички автомобил во средата кај Мали Пожаревац кај Белград загина возачот на автомобилот, а повеќе од 40 лица се повредени.

Фото: Инстаграм

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 5:30 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Според МВР, 36 повредени се во Ургентниот центар, а 12 се во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Во тек е истрага.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ апелираше до сите учесници во сообраќајот да бидат многу внимателни и изјави дека контролата во сообраќајот е засилена веќе неколку дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ