недела, 20 октомври 2024

Едно лице загина, две се повредени во сообраќајна несреќа кај Кочани

Едно лице загина, а две се повредени откако возило марка сузуки излетало од патот Лески – Зрновци, кај Кочани, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Лески – с.Зрновци, Кочанско, патничко возило сузуки со винички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(62) од селото Виничка Кршла, општина Виница, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А.(55) од истото село кој бил пренесен во Клиничка болница во Штип, каде што подоцна починал. Со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник М.С.(60) од истот село, констатирани во болницата во Кочани“, наведуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ