петок, 19 април 2024
Пресуда на Основниот кривичен суд Скопје

Една година и осум месеци затвор за сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу

Една година и осум месеци казна затвор за сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу, и парична казна од 800.000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице е епилогот од судењето за случајот што се однесуваше на продолжено кривично дело фалсификување на исправа.

Објавено на

часот

Сподели

Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основниот кривичен суд Скопје наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице Беса транс БТБ ДООЕЛ Скопје се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице Беса транс БТБ ДООЕЛ Скопје во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице Беса транс БТБ ДООЕЛ Скопје од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителот Владимир Милошевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ