сабота, 21 декември 2024

„Единствен матичен број“, нов роман на Лидија Димковска 

Објавено на

часот

Сподели

„Нејзините книги често ги следат внатрешните борби на поединецот кој во надворешниот свет трага по својот идентитет. Така и овој нејзин нов роман ни носи освестувачка приказна за нашиот свет што заборавивме да го сакаме. Ќе нè одведе до себеприфаќање, себепронаоѓање, пронаоѓање на домот. Роман потрага по утопијата на идентитетот преку дистопијата на животот“, соопшти издавачката куќа за новиот роман на Димковска кој ќе го промовираат Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски.

Книгите на Лидија Димковска се преведени на неколку странски јазици, а таа е носител на повеќе книжевни награди. Двапати ја има добиено наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија,  германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга за „Гранична состојба“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ