Несреќата се случила вчера околу 14.20 часот кај местото наречено Блок кога се судриле комби „фолксваген транспортер“ и автомобил „југо“ управуван од Ѓорѓи Мишевски од Ресен.
При судирот поради сериозни повреди загинал возачот на автомобилот.
Неговата сопруга Милица (52) и нивниот син се тешко повредени, поради што се пренесени во болницата во Битола.
Во несреќата се повредени и возачот на комбито М.Н. (51) и тројца негови сопатници.
Од МВР велат дека возилата се земени за вештачење и во тек е утврдување на причините поради кои се случила несреќата.