Од Брза помош при Здравствен дом Неготино потврдија дека едно лице загинало, едно повредено лице било пренесено во болница во Велес, а други две во кавадаречката болница каде биле подложени на испитувања.
Портпаролот во СВР Велес, Ристо Самарџиев, ги потврди информациите за сообраќајката и најави повеќе детали во текот на денот.