понеделник, 10 март 2025

Еден загинат и еден тешко повреден во соораќајка на патот Штип – Карбинци

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип – Карбинци загина 36-годишен маж од село Карбинци.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Штип информираат дека вчера околу 23:50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Карбинци, на влез во село Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот  В.Л. од село Карбинци, излетал од патот и удрило во бетонски столб.

Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ