среда, 23 октомври 2024

Еден загинат и 5 повредени во престрелка во Приштина (ВИДЕО)

Едно лице загина, а петмина се повредени во Приштина, по оружен напад меѓу две групи во неделата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Косовската полиција соопшти дека смртта на жртвата била констатирана на лице место од лекарска екипа, додека повредените се задржани на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Косово, пренесе Коха.

„Косовец почина како последица на раните добиени при пукање меѓу двете групи. Смртта на жртвата ја констатираше медицинска екипа на местото на настанот. Исто така, како резултат на размената на оган, 5 осомничени Косовци од машки пол се повредени, кои под мерка приведување и полициски надзор се на лекување. Освен полициските единици, на местото на настанот излегоа и обвинителот и службениците од Институтот за судска медицина, кои го однесоа мртвото тело на обдукција“, се наведува во полициското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ