понеделник, 10 март 2025

Еден загинат, двајца повредени во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3,  Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен маж од ресенско село. Регионалниот пат од месноста викана Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило марка бмв со ресенски регистарски ознаки управувано од 46 – годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка пежо со битолски ознаки, а потоа патничкото возило пежо удрило во друго патничко возило марка бмв со ресенски ознаки управувано од 47 – годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник. Од ударот на лице место починал 46 – годишниот возач на бмв-то, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило бмв се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Регионалниот пат од месноста викана Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ