сабота, 27 јули 2024

Еден тешко повреден при судир на комбе и априлија

Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Григор Прличев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило мерцедес, управувано од Р.Р.(29) од Скопје и мопед априлија, управуван од М.Д.(44) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ