недела, 3 март 2024

Еден починат во пожар во Куманово

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека изминатото деноноќие, покрај снегот  и студеното време, имало повеќе пожари и едно починато лице. Според податоците од Регионалниот ЦУК Куманово, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, околу 04:20 часот интервенирале на опожарена куќа во село Отошница. Во пожарот имало и починато лице.

Објавено на

часот

Сподели

„За да може побезбедно да се интервенира, околу 04:45 часот било побарано и ЕВН да ја исклучи струјата во тој реон. За настанот, покрај Итната медицинска помош, се известени и МВР и СВР Куманово“, се појаснува во соопштението на ЦУК.

Пожарникарите од ТППЕ Куманово од 04:25 до 05:45 часот, со седум пожарникари и едно возило интервенирале и на опожарена куќа на улицата „716“ број 9 во населбата „Баново Трло“.

„Пожарникарите од БППЗ на градот Скопје имале една интервенција, поради запален оџак. ТППЕ Охрид, во текот на денот имала четири интервенции поради запалени оџаци. ТППЕ Кичево имала една интервенција поради запален оџак. ТППЕ Прилеп од 20:12 до 21:35 часот, со четири пожарникари и едно возило, гаснела опожарен дел од мотор на автобус на патниот правец село Беловодица – Прилеп. Имало и една помала интервенција поради запален оџак“, додаваат од ЦУК.

За 24 часа имало вкупно 1.891 повик на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици биле 41,41 отсто, а 58,59 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 55,03 отсто, кон Итната медицинска помош 30,47 проценти, кон пожарникарите 0,89 отсто, а кон АМСМ  1,18 проценти од реалните повици

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ