Во несреќата учествувале даеву Матиз, управуван од З.М. (66) од Скопје, и шевролет авео, управуван од Р.Ц. (30) од селото Црешево. Возачот на даеву Матиз, З.М., се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 20:30 часот починал. Смртта била констатирана од страна на лекар.
Со телесни повреди се здобиле и возачот Р.Ц., нејзината малолетна сопатничка, како и уште една сопатничка од даеву Матиз, С.М. (61) од селото Булачани. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје. Истражните постапки се во тек.