недела, 6 октомври 2024

Еден починат, шест тешко и пет полесно повредени во шест регистрирани сообраќајки

Во последнотов деноноќие полицијата регистрирала шест сообраќајни несерќи во кои еден патник починал, шест се тешко и пет полесно повредени. Меѓу нив има двајца малолетници.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска утрото во 4:35 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Србиново на мостот кај село Беловиште, патничко возило хјундаи со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М. од Турција,  излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници И.Н. и О.Т., и двајцата од Турција, констатирани во Општата болница во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Вчера пак се регистрирани пет други сообраќајни несреќи во Скопје, Велес, Куманово, Струмица и Крушево.

Вчера вечер во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од улица Февруарски поход и сервисна улица која води кон паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т. од Скопје, и два мопеди априлија со скопски регистарски ознаки, управувани од двајца малолетници од Скопје.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, се наведува во билтенот на МВР.

Во СВР Велес, вчера, час и половина после пладне било пријавено дека на улица Алексо Демниевски Бауман, товарно возило мерцедес со велешки регистарски ознаки управувано од А.А. удрило во пешакот Р.Л.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л. констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

А во Куманово, вчера точно напладне во полиција било пријавено дека на улица Братство и единство се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило шкода управувано од М.Д. и патничко возило мерцедес управувано од С.Р и двете со кумановски регистарски ознаки.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. а со телесни повреди се здобил С.Р. и неговиот сопатник И.Ѓ. од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово“, информмираа од МВР.

Струммичката полиција синоќа гo уапсила Х.Д. од Струмица.

Тој на 5 октомври 2024 во 6:40 часот на регионален пат Струмица-Валандово, на излез од село Костурино, струмичко, управувајќи патничко возило фиат учествувал во сообраќајна несреќа со трактор имт со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана приколка, управуван од Р.Ш. од село Костурино, по што Х.Д. избегал.

„Во сообраќајната несреќа на местото на настанот починал Г.Б., а со телесни повреди се здобил Т.Б.(54), од село Костурино, кои се превезувале на полуприколката. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. Х.Д. е задржан во полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Вчера напладне пак, во ОВР Крушево било пријавено дека на улица Никола Карев се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило форд со крушевски регистарски ознаки, управувано од В.Д., удрило во паркирано  патничко моторно возило ауди исто така со крушевски регистарски ознаки.

„В.Д. со возило на Итна медицинска помош Крушево била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево“, се наведува во билтенот на МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ