сабота, 27 јули 2024

Еден починат, а друг во болница по труење во фарма во светиниколско село

Во фарма во светиниколското село Амзабегово две лица најверојатно се затруле во свињарска фарма. Едното починало на лице место, а второто било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

Фото: МИA

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните информации работниците се затруле од хемиска материја.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека го потврдуваат случајот, а во моментов во свињарската фарма на увид се екипи од ОВР-Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.

„Настанот во СВР-Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс Клиники во Мајка Тереза во Скопје“, вели Панајотова.

Таа посочува дека телото на починатиот работник ќе биде предадено на обдукција, а повеќе информации за оваа трагедија во свињарската фарма во село Амзабегово во Свети Николе се очекуваат во текот на утрешниот ден. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ