четврток, 13 март 2025

Еден осомничен за предизвикување опасност со пожар кај Катланово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (OJO) Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека предизвикал опасност со пожар кај Катланово.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како овчар, осомничениот, иако знаел дека постои реален ризик да се предизвика опасност, запалил оган кој се проширил од ветрот што довело до опожарување на површина од 4,7 хектари од кои еден дел била дабова шума и ниска вегетација. Со пожарот била причинета штета проценета на околу 196.000 денари“, соопшти денеска обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побарал да бидат определени мерки на претпазливост – обврска осомничениот повремено да се јавува во Судот и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ