четврток, 19 септември 2024

Еден осомничен за обид за убиство во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои сомневање дека сторил кривично дело – убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон.

Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.

По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот  под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ