сабота, 27 јули 2024

Еден од руските шпионски шефови: НАТО подготвува нуклеарен напад, разработува сценарија

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба ФСБ ги обвини земјите од НАТО дека се подготвуваат да извршат нуклеарни напади на руска територија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генералот Владимир Кулишов, кој ја предводи граничната служба на ФСБ, изјави за државната новинска агенција РИА новости дека Москва е загрижена поради зголемувањето на активноста на НАТО во близина на руската граница.

„Разузнавачките активности на НАТО во близина на руската граница се зголемуваат, како и интензитетот на оперативната и борбена обука на војниците. Се развиваат сценарија за напад на Руската Федерација, вклучително и нуклеарни напади на нашата територија“, рече тој.

Рускиот претседател Владимир Путин месецов ѝ нареди на својата војска да вежба тактичко нуклеарно оружје „поради заканите од Западот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ