недела, 20 октомври 2024

Еден од противниците на Ердоган се повлече три дена пред претседателските избори

Објавено на

часот

Сподели

Инџе е шеф на партијата Мермлекет (Татковина), а анкетите му дадоа меѓу два и четири отсто од гласовите на изборите.

Неколку членови на неговата партија поднесоа оставки во последните денови поради загриженоста дека неговата кандидатура може да го спречи Кемал Киличдароглу, главниот опозициски кандидат, да го победи претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој е на власт 20 години.

Својата одлука Инџе ја оправда велејќи дека опозицискиот сојуз предводен од Киличдароглу ќе ја префрли целата вина на него доколку не го победи Ердоган.

Во летото 2018 година, Мухарем Инџе беше неуспешен кандидат на Републиканската партија на народот (ЦХП-Социјалдемократи) на претседателските избори – тој беше поразен од Ердоган во првиот круг.

Инџе основаше своја националистичка лаичка партија во мај 2021 година.

Кемал Киличдароглу, шеф на ЦХП и кандидат на сојузот што обединува шест опозициски партии, е во добра позиција во споредба со Ердоган, кој за прв пат по дваесет години се соочува со обединета опозиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ