сабота, 27 јули 2024

Еден од најмоќните Евреи во американската политика: Нетанјаху е пречка за мирот

Водачот на мнозинството во американскиот Сенат Чак Шумер денеска повика на нови избори во Израел, остро критикувајќи го премиерот Бенјамин Нетанјаху како пречка за мирот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демократот Шумер, долгогодишен поддржувач на Израел и највисок еврејски функционер во американската политика, пред Сенатот изјави дека владата на Нетанјаху „повеќе не ги задоволува потребите на Израел“, кој веќе пет месеци е во војна, а која започна со нападот на милитантите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

„Како демократија, Израел има право да избира свои лидери и треба да ги оставиме сами да одлучат. Но, важно е Израелците да имаат избор. Треба да се започне со нова дискусија за иднината на Израел по 7 октомври“, рече Шумер.

„Според мене, тоа најдобро може да се постигне со одржување избори“, рече тој.

Шумер нагласи дека би била „тешка грешка“ Израел да го отфрли решението за две држави и ги повика преговарачите во конфликтот меѓу Израел и Газа да направат сè што можат за да обезбедат прекин на огнот, да се ослободат заложниците и да се испрати помош во Газа.

Шумер и други водечки демократи, вклучително и претседателот Џо Бајден, се соочуваат со интензивни критики во партијата за безусловната поддршка на Вашингтон за Израел, со оглед на последиците од израелските напади врз Газа на палестинските цивили.

Шумер ги критикуваше Палестинците кои го поддржуваат Хамас и рече дека и палестинскиот лидер Махмуд Абас треба да се повлече.

„За да има надеж за мир во иднина, Абас мора да се повлече и да биде заменет со нова генерација палестински лидери кои ќе работат на постигнување мир со еврејската држава“, рече Шумер.

Неговиот говор го одразуваше растечкото незадоволство во Вашингтон од Нетанјаху, начинот на кој ја води војната, неговиот неуспех да стори повеќе за заштита на палестинските цивили и неговото блокирање на испораката на помош во Газа.

„(Нетанјаху) беше премногу подготвен да толерира цивилни жртви во Газа, поради што поддршката за Израел ширум светот падна на историско најниско ниво. Израел не може да преживее ако стане парија“, рече Шумер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ