вторник, 21 јануари 2025

Еден куп милијардери на инаугурацијата на Трамп (ВИДЕО)

Американските технолошки милијардери му се придружија на новиот американски претседател Доналд Трамп на мисата пред неговата инаугурација. Основачот на Амазон Џеф Безос, шефот на Мета Марк Закерберг, шефот на Епл Тим Кук и шефот на Гугл Сундар Пичаи седеа во првите редови во црквата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Медиумскиот тајкун Руперт Мердок, претседателот на ФИФА Џани Инфатино и поранешниот британски премиер Борис Џонсон исто така присуствуваа во црквата.

Многумина од нив беа критичари на Трамп во деловниот свет за време на неговиот прв мандат, особено околу прашањата за климатските промени и миграциите.

Таму беше, се разбира, и шефот на Спејсекс, Тесла и Икс Илон Маск, кој потроши речиси 300 милиони долари во претседателската кампања и сега не се двои од Трамп.

Би-би-си пишува дека ова е впечатлив спектакл. Последниот јавен настан во Вашингтон на кој се собраа толку технолошки олигарси во иста просторија беше сослушувањето во Конгресот во 2020 година насочено против нивните компании.

Денес повеќето од тие компании сè уште имаат сериозни нерешени прашања со владата на Соединетите Американски Држави, што вклучува тужби поради монопол, истраги, регулаторни борби и царини.

Минатата недела демократските сенатори Елизабет Ворен и Мајкл Бенет објавија писмо упатено до извршните директори во кое ги обвинија дека се обидуваат „да се приближат до новата администрација на Трамп во обид да избегнат контрола, да ја ограничат регулацијата и да купат наклонетост“.

Трамп, пак, кој првиот пат ја напушти функцијата како некаков вид изрод во деловниот свет, се чини дека ужива во својата нова позиција.

„Сите сакаат да бидат мои пријатели!“, напиша тој на социјалните мрежи во декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ