Еден гол за три важни бода за Вардар со кои ја прекина серијата од четири порази едно по друго.
Клучниот момент од мечот се случи во 35. минута кога по асистенција на Здравковски, Молосавиќ погоди за водство на Вардар од 1-0.
До крајот на мечот Вардар беше поблиску до зголемување на водството отколку Македонија Ѓорче Петров до реми.
Во финишот Молосавиќ ја погоди и пречката од голот на домаќините.
Останатите пет меча од колото се играат утре: Брегалница – Воска, Работнички – Брера, Шкупи – Шкендија, Силекс – Гостивар и Тиквеш – Струга.