Еде-два победа на Мекларен во Шангај, Оскар Пјастри и Ландо Норис покажаа дека во моментов се пред конкуренцијата.
Двоецот на Мекларен не беше на чело на колоната само при менувањето на гумите, во останатиот дел од трката го диктираа темпото и нивната позиција не беше загрозена.
Зад нив се најде Џорџ Расел, возачот на Мерцедес стигна до место на подиумот и на втората трка оваа сезона.
Макс Верстапен финишираше како четврти откако во завршниот дел од трката ја доби одличната битка со Шарл Леклер, додека пак Луис Хамилтон заврши на позицијата број шест откако се реши за стратегија со две застанувања во бокс, која очигледно не му донесе ништо.
Во бодови денес уште завршија Естебан Окон, Кими Антонели Алекс Албон и Оливер Берман.
RACE CLASSIFICATION: The full rundown 👇#F1 #ChineseGP pic.twitter.com/7Cb5QbfKBT
— Formula 1 (@F1) March 23, 2025