петок, 18 октомври 2024
Прв пат во македонското здравство

Еден дарител на органи спаси четири човечки животи

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната  љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања“, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму изразуваат благодарност до семејството на дарителот кои, како што велат, со нивната несебична одлука донеле утро полно надеж и верба во безусловна добрина, а на пациентите кои добија органи им посакуваат брзо опоравување.

„Благодарност и до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство“, велат од Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ