Напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата, додавајќи дека ги истражува причините за нападот кај Еразмусовиот мост.
Мотивот за нападот сѐ уште не е познат, но полицијата „ги разгледува сите можни сценарија“. Идентитетот на жртвите и на осомничениот сè уште не е соопштен. Холандскиот медиум Де Телеграф, повикувајќи се на сведоци на местото на настанот, објави дека мажот со два ножа напаѓал луѓе по случаен избор викајќи Алаху акбар, што е арапска фраза што значи Бог е голем.
Полицискиот портпарол вели дека и полицајците слушнале дека човекот ја извикувал таа фраза и дека „тоа е дел од истрагата“.