Еден Азар стана најскапото засилување во историјата на Реал кога во 2019 се пресели на „Бернабеу“ но во Мадрид никогаш не ја покажа формата од Челси и имаше само епизодна улога.
Минатата недела Реал Мадрид реши да му плати на Еден Азар за да си оди и беше раскината последната година од договорот.
Според Марка, авантурата на Еден Азар во белиот дрес може да биде последна, фудбалерот од Белгија размислува да стави крај на кариерата и да оди во пензија иако има само 32 години.
Преселба во МЛС лигата исто така е опција, екипата на Ванкувер пројавува интерес за услугите на Еден Азар.