сабота, 19 октомври 2024
Фудбалерот од Белгија добил понуда

Еден Азар пред сензационално враќање во Премиерлигата?!

Објавено на

часот

Сподели

Еден Азар во дресот на Челси се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата и си обезбеди трансфер во Реал вреден преку 100 милиони евра.

Но тој во Мадрид никогаш не блесна, често се мачеше со повреди и вишок килограми, па ова лето предвреме го раскина договорот со „кралевите“.

Изминатиов период кружеа гласини дека Еден Азар не добил ниту една интересна понуда и размислува за пензија на 32 години, но последните информации говорат за негово сензационално враќање во Премиерлигата.

Кристал Палас е подготвен да се коцка со фудбалерот од Белгија и да му понуди едногодишен договор според кој ќе заработува во зависност од одиграната минутажа и перформансите.

Една ваква соработка може да биде корисна за двете страни, Еден Азар ќе треба да се докаже на теренот за да заработи убава сума на пари, а Кристал Палас пак ќе одвои милиони само доколку напаѓачот прави разлика на теренот со своите дриблинзи, асистенции и голови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ