четврток, 26 декември 2024

Ѕвоната на катедралата Нотр Дам се огласија за првпат од пожарот во 2019 година

Осумте ѕвона на катедралата Нотр Дам или Богородичната црква во Париз се огласија денес по повеќе од пет години од пожарот кој тешко ја оштети зградата, пренесува агенцијата Франс прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нешто пред 10:30 часот ѕвоната кои се придвижуваат со мотори се огласија едно по друго додека заедно не постигнаа хармоничен звук, пишуваат медиумите.

„Ова е убава етапа, важна и симболична, сите ѕвона заедно за првпат од пожарот“, кажа Филип Жост, кој ја води јавната установа задолжена за реставрацијата на катедралата.

Катедралата по завршувањето на реставрацијата треба да биде отворена на 7 декември.

Шефот на работата на поставувањето на ѕвоната кажа дека не е сè уште сè совршено, но дека првата проба поминала и дека сè ќе се доведе до совршенство.

Враќањето на ѕвоната е дополнителна фаза во оживувањето на една од најголемите катедрали на Римокатоличката црква, внесена во светското наследство на Унеско и еден од најпосетените споменици во Европа.

По пожарот од 15 април 2019 северниот дел на катедралата мораше внимателно да биде реставриран, а за тоа да се направи осумте ѕвона во кулата мораа внимателно да бидат симнати, исчистени и реставрирани.

Ѕвоната носат називи на личности кои ја обележале таа бискупија и црквата. Реставрираните ѕвона, од кои најтешкото е четири тони, се вратени во катедралата кон средината на септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ