Јужна Кореја не блескаше на Азискиот Куп, доживеа шокатна елиминација во пресметката против Јордан во полуфиналето.
Медиумите сега пишуваат за сериозен инцидент кој се случил ден пред натпреварот, и сигурно направил проблеми во тимот пред значајниот натпревар.
Помладите фудбалери во таборот на Јужна Кореја побрзале да станат од вечерта за да играат пинг понг, ова не му се допаднало на капитенот Сон Хеунг Мин, кој убаво ги замолил да не го прават тоа.
Откако не го послушале, Сон се налутил и го фатил за гуша Ли Канг Ин, а ѕвездата на ПСЖ се обидела да му удри бокс на својот постар колега од репрезентацијата.
Напаѓачот на Тотнем, ја избегнал тупаницата на Ли, но му бил дислоциран прст во целата мешаница, и обидот на останатите да ги разделат.