петок, 20 септември 2024

ДЗС во превентина акција против можните претстојни поплави

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) организирано со субјектите од системот за заштита и спасување презема мерки и активности за превентивно делување за заштита  од поплави. За таа цел донесени се заклучоци, межу кои и за навремена и континуирана соработка за состојбата со водотеците, обврските кои произлегуваат од законот за заштита и спасување и уредбата за спроведување на мерката заштита и спасување од поплави, информираа денеска од ДЗС.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Дирекцијата, во таа насока веќе се спровел координативен состанок со надлежните институции за превенција од можни поплави во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување, по иницијатива на директорот Џеват Селами со директорот на Водостопанство, Филип Филиповски, директорот на Управата за хидрометеролошки работи, Игор Лазаровски и претставници на другите надлежни институции.

„Од состанокот произлегоа конкретни заклучоци за навремена и континуирана соработка за состојбата со водотеците, обврските кои произлегуваат од Законот за заштита и спасување и Уредбата за спроведување на мерката заштита и спасување од поплави. Првенствено во заедничка тимска активност, согласно оперативните планови ќе бидат посетени сите критични точки низ државата и извидување на состојбата на терен каде досега се евидентирани можни појави на поплави. Директорот на ДЗС ги задолжи сите подрачни одделенија за заштита и спасување да реализираат координативни состаноци со сите субјекти на локално ниво, каде прецизно ќе бидат договорени и превземени активности за сезоната која следи“, се вели во денешното соопштение.

Следната активност е кампања под мото „Превенција и подготвеност за опасноста поплава’’.

Вработени од Дирекцијата за заштита и спасување од 18 септември започнале со организирана превентивна активност на критичните региони каде во изминатиот период имало појава на поплави, преку спроведување на едукација, информирање и подигнување на свеста за заштита од заканите од поплави со предавање пред наставниот кадар и најранливата категорија-децата во основните училишта.

„Согласно планот и динамиката целта на кампањата е пред ученици на основните училишта да се презентираат основни пораки за тоа како да се однесуваме во случај на поплава и  што треба да се направи. Се распределуваат прирачници  и безбедносни совети за најмладите како да се постапи пред, за време и по поплавите. Дирекцијата за заштита и спасување континуирано ќе продолжи со  кампањата согласно подготвениот План и динамика за намалување на заканите од поплави се до опфаќање на повеќе училишта во државата, вклучувајќи ги и критичните подрачја во градските и руралните средини“, велат од ДЗС.

ОД ДЗС информираат дека денеска се одржал првиот состанок со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски со цел преземање на превентивна подготвителна активност за заштита од поплави низ територијата на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ