петок, 18 октомври 2024

ДЗС: Бруто домашниот производ во 2023 година пораснал за 2,1 отсто

Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска соопшти дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година изнесувал 897.694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10 отсто, а реално за 2,1 отсто.

Објавено на

часот

Сподели

Најголемо учество на додадената вредност со 18,9 отсто во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2023 година во структурата на БДП учествува со 83,4 отсто. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година изнесува 67,8 отсто.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2023 година изнесува 222.114 милиони денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,9 осто, машините и опремата со 32,6 осто, а останатите инвестиции со 9,5 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ