сабота, 21 декември 2024

ДЗР: Во Министерството за култура нема 81 икона, 76 се уништени од поплава, а фалат и слики

Министерството за култура располага со поголем број на уметнички слики кои се евидентирани во сметководствената евиденција со вредност 10.254 милиони денари, a на сметката на основен буџет се евидентирани во вредност од 18.714 милиони денари, утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во денеска објавениот Извештај за ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за култура за 2023 година. Согласно извештајот недостасуваат седум слики од кои пет не се сметководствено евидентирани, а четири слики кои не се во сопственост на Министерството за култура не се пронајдени од страна на пописната комисија.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Исто така пописната комисија констатирала кусок од вкупно 81 икона кои се набавувани со цел да се подарат на гости или странски делегации. Останатите икони биле чувани во несоодветна просторија која била поплавен поради што за 76 икони, комисијата утврдила дека се оштетни. Констатирани се и кусоци на опремата која се наоѓа во сопственост на министерството како што се телевизори, дигитални апарати, фиксни телефони, клима уреди, застарени компјутери. За сите овие кусоци изработени се листи без додаток за вредноста. Од страна на пописната комисија дадени се предлози за постапувње за констатираните состојби меѓутоа по истите не е постапено со оглед на тоа што пописот не е усвоен од страна на одговорниот во Министерството за култура што не е во согласност со релевантните прописи“, се наведува во извештајот на ДЗР.

Ваквите недостатоци во работата на министерството биле констатирани и во 2019 година, но, како што неведуваат од ДЗР, ништо не е сменето.

Затоа оттаму препорачуваат да се преоценат утврдените кусоци на икони и слики и да се преземат соодветни мерки.

Во истиот извештај ревизорите констатирале дека близу 700 илјади книги од проектите на Груевски скапуваат во подруми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ