сабота, 27 јули 2024

Џулијани се изјасни за невин за обидот да ги промени резултатите од изборите во Аризона

Поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани пред судот во Феникс се изјасни за невин по девет точки од обвинението за кривични дела поврзани со неговата улога во наводниот обид да се поништи загубата на Доналд Трамп од Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сојузниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот беа обвинети во Феникс под обвинението кое вклучува заговор, измама и фалсификат поврзани со измама на изборите во 2020 година во Аризона и покрај победата на демократот Бајден во американската сојузна држава, пренесува АП.

Десет други, вклучувајќи ја и поранешната претседателка на Републиканската партија во Аризона, Кели Вард, исто така се изјаснија за невини по обвинението за заговор, фалсификување и измама во врска со случајот.

Џулијани се појави преку видео врска на судењето, кое се одржа во судница во Феникс.

Неговото и судењето на Вард е закажано за 17 октомври, околу три недели пред изборите во САД.

Меѓу обвинетите е и поранешниот шеф на кабинетот на Трамп, Марк Медоус, додека Трамп, сега републикански претседателски кандидат, не е, иако во обвинението се споменува „поранешниот претседател на САД“ како „необвинет соучесник“ во обидот да се поништат изборните резултати.

Бајден победи на изборите во Аризона во 2020 година со 10.457 гласови повеќе од Трамп, а според обвинението, соработниците на Трамп наводно се обиделе да го убедат законодавниот дом во Аризона, каде републиканците имале мнозинство, да избере републикански електори, иако Бајден го освоил мнозинството.

Тогаш фалсификуваните резултати, во корист на Трамп, би биле презентирани во Сенатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ