среда, 22 јануари 2025

Џозеф Бајден: Ја напуштивме должноста, но не и битката

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден по инаугурацијата на Доналд Трамп како 47-ми претседател на државата изјави дека ја напушта функцијата, но не и битката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По слетувањето во воената база Ендрјус во Мериленд, тој рече дека има уште многу да направи, а потоа се прекрсти, пренесува ЕЈ-би-си њуз. Поранешниот претседател ги повика своите вработени да останат „ангажирани“, без разлика дали се во јавниот или приватниот сектор, академската заедница.

„Ја напуштаме функцијата, но не ја напуштаме борбата. Паметни сте, вешти, страсни и потребни на земјата. Ние секогаш дававме сѐ од себе како Американци. Никогаш, никогаш, никогаш не се откажуваме, никогаш“, рече тој. Бајден изрази и оптимизам дека нивниот мандат нема да биде „поништен“.

„Исто како што реков за законите што ги донесовме, нашите семиња ќе растат и ќе цветаат во следните децении. Честа на мојот живот ми беше да служам како ваш претседател“, рече Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ