среда, 11 декември 2024

Џон Кирби ќе стане помошник на претседателот Бајден

Координаторот за стратешки комуникации при Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби ќе биде унапреден на нова позиција и ќе стане помошник на претседателот, изјави за АП анонимен американски функционер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кирби ќе води тим кој ќе биде одделен од прес-службата за национална безбедност и ќе ги координира информациите низ американските безбедносни агенции, додаде функционерот.

Кирби стана функционер во Белата куќа во 2022 година, набргу откако Карин Жан-Пјер беше именувана за портпаролка на Белата куќа, по разделбата со поранешната портпаролка Џен Псаки.

Пред Кирби, Советот за национална безбедност немаше координатор. Кирби е пензиониран адмирал на американската воена морнарица и е особено ценет од администрацијата на Џозеф Бајден затоа што „со леснотија одговара на прашања за надворешната политика“, наведува АП.

Тој беше и портпарол на Пентагон и Стејт департментот за време на администрацијата на Барак Обама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ