„Со кожувчиња, грпки и бради, исцрнети лица од саѓи, клопотарци и стапови со кои се прави врева, џоломарите бркаат лоши духови, прават место за добрите нешта. Секоја од карневалските групи ги носи со себе и сопствените автентични традиционални игри и обичаи со маски“, рекоа џоломарите за МИА.
Претседателот на карневалската група Сопот Тиквеш, Миле Грозданов изрази задоволство од учеството на овој меѓународно познат карневал и нагласи дека благодарение на долгогодишната соработка помеѓу карневалските групи, дошло и до збратимување помеѓу Кавадарци и бугарскиот град.
Орданчо Лазаров, претседател на џоломарската група од Бегниште, додаде дека се работи за фестивалот познат како Сурва, каде тие традиционално учествуваат.