вторник, 22 октомври 2024

Џо Бајден со солзи во очите одржа проштален говор (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден одржа говор на Демократската национална конвенција во Чикаго, каде што партијата ќе ја поддржи неговата потпретседателка Камала Харис како демократска кандидатка за претседателските избори во ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден се откажа од трката против републиканецот и поранешен претседател Доналд Трамп пред неколку недели по притисокот и загриженоста за неговото здравје и способноста да служи уште четири години.

Синоќа тој одржа говор на конвенцијата на Демократите, а откако публиката го пречека со овации, Бајден пушти солза.

Бајден рече дека нема лоша крв кон демократите кои бараа тој да се откаже од претседателската трка 2024 година и ја повтори својата поддршка за Камала Харис.

„Сите овие разговори за тоа колку сум лут на сите луѓе кои рекоа дека треба да се повлечам – тоа не е точно“, рече Бајден додека толпата извикуваше „те сакаме, Џо“.

„Ја сакам мојата земја повеќе и мораме да ја зачуваме нашата демократија. Америка, те сакам“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ